Варуфакис: Демонски сили со востание ја враќаат ЕУ во 1930

Националистички и квази-фашистички сили се во подем во Европа и го туркаат континентот назад кон 30-те години од минатиот век, предупредува поранешниот грчки министер за финанси и миленик на европската левица, Јанис Варуфакис.

„Последните настани посочуваат дека ќе ослободиме демонски политички сили кои ќе создадат некакви постмодернистички 1930-ти, при што ќе дојде до националистичко, квази-фашистичко меѓународно востание и во САД и во Европа“, убеден е Варуфакис, соосновач на паневропското движење ДИЕМ25.

На новинарското прашање дали Европа веќе ја има достигнато оваа фаза, Варуфакис кратко одговара:„Апсолутно“.

Оставете Коментар