Во 2015 година, Грција не требаше да се „спасува“, туку требаше да се остави да банкротира, вели поранешниот министер за финансии во владата на Ципрас, Јанис Варуфакис, во интервју за германски „Билд“

Повод за разговорот со Варуфакис е завршувањето на третата програма за спасување на Грција, проект против кој се противеше Варуфакис и поради кој си поднесе и оставка по само неколку месеци во владата на Ципрас.

„Грција е на истото место, во иста ‘црна дупка’ и продолжува секојдневно да пропаѓа с’е повеќе и повеќе. Една од причините се побарувањата на кредиторите за ‘кратења’ што ги попречуваат инвестициите и потрошувачката“, вели Варуфакис за „Билд“  и додава:

„Суверениот долг на Грција не се намали, туку се зголеми, само што имаме повеќе време да исплатиме уште поголеми долгови . И покрај мерките за порамнување на долгот преземени на два пати, долгот се зголеми. Државата останува банкрот, јавноста стана посиромашна, компаниите с’е уште се банкрот, а БДП падна за 25 отсто. Компаниите си должат  пари една на друга и на државата, а од своја страна, државата им должи огромни износи на компаниите“.

Варуфакис вели дека „малите бизниси, дури и самовработени, плаќаат 75 проценти давачки на државата, почнувајќи од првото евро.Ова главно ги убива младите претприемачи. Во Бугарија данокот за претприемачи е 10 проценти.  Компаниите бегаат …потребни се нови инвестиции, но нема доволно пари за да го сторат тоа. Порастот на туризмот не е доволен за да се подигне потонатиот брод од на дното на морето“, тврди екс-министерот.

Варуфакис ги обвини грчката влада, ММФ, Европската централна банка и германската влада за лажење.

„Госпоѓа Меркел двапати ги измами Германците. Првиот пат во парламентот кога се гласаше за првиот спасувачки пакет и кога изјави дека тоа е чин на солидарност со грчкиот народ.Тоа беше лага бидејќи парите беше за германските и француските банки кои, спротивно на здравиот разум, им позајмија многу пари на претставниците на олигархијата во Грција.

Што се однесува до грчките банки, тие не требаше да бидат спасени, туку требаше да дозволат да банкротираме, да ги трпиме последиците и потоа да дозволиме да ги ‘ги споиме сите парчиња’ и да продолжиме, што инаку не ни го дозволуваат спасувачките пакети

Меркел беше принудена да каже уште една лага, ветувањето на германскиот народ дека спасувачките пакети ќе бидат отплатени со каматна стапка, нешто што е невозможно со оглед на банкротот на Грција, вели Варуфакис.

SHARE