Вашингтон го отфрли ,,Планот Б” на Каменос за Македонија

Силна поддршка и целосна имплементација на Преспанскиот договор се потенцира во изјава на официјални претставници на американскиот Стејт Департмент за грчките медиуми во врска со предлогот за “План Б” доставен завчера од грчкиот вицепремиер Панос Каменос до секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис.

Во изјавата дадена за дописник на ТВ Антена од САД, според телевизијата во суштина се отфрла алтернативниот предлог на Каменос за случајот со Македонија доколку пропадне договорот од Преспа.

Каменос завчера предложил нова регионална безбедносна коалиција во која би влегле Македонија, Албанија, Грција и Србија а со која треба да се зацврсти безбедноста во регионот.

“Јавно не објавуваме детали од лични дипломатски разговори но позицијата на САД за ова прашање е јасна: Ги поздравуваме резултатите од македонскиот референдум на 30 септември на кои граѓаните ја изразија поддршката за НАТО и ЕУ со прифаќање на Преспанскиот договор кој ќе овозможи Македонија да ја добие формалната позиција во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија придонесувајќи за регионалната стабилност, безбедност и просперитет”, се вели во изјавата на Стејт Департментот на САД, дадена за дописникот на телевизијата Антена од Вашингтон.

Пред една недела грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас изјави дека најлошо сценарио за Грција и регионот е распаѓање на Македонија.

Предлогот на Каменос беше дочекан со критика и од опозициската Неа Демократија која го запраша Коѕиас дали тој или Каменос ја водат грчката дипломатија.

SHARE

Comments are closed.