„Вечер“: Димитров ќе се повлече, ако до јули нема решение за името!?

Доколку до крајот на јуни до Самитот на ЕУ , односно до почетокот на јули кога е Самитот на НАТО, не се најде компромисно решение за името, се шпекулира дека е можно повлекување на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, пишува „Вечер“.

Предлогот „Илинденска“ беше отфрлен од грчките политички партии со образложение дека криел иредентистички аспирации кон Грција.

Министерот Димитров утре се очекува да се сретне со грчкиот колега Никос Коѕијас во Брисел  каде ќе се одржи состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Весникот „Вечер“ потсетува дека министерот Димитров изјави дека доколку нема договор за предлог пакетот што го содржеше и името „Република Илинденска Македонија“, тогаш двете земји ќе се вратат на ниво на разговорите кои се водеа во Виена и Охрид каде што се разговарало не за финалните прашања туку за суштинските проблеми како опсегот.

Атински „Катимерини“, пишува дека на преговарачката маса сега има нов предлог за име поврзано со Крушево и кое сè уште не е откриено во јавноста, но за кое се разговарало на последната рунда преговори во Њујорк.

Според „То Вима“ на маса сепак се уште се три имиња од пакетот на Нимиц: Горна, Нова и Северна, додека предлогот „Илинденска“ веќе не постои.

„Вечер“ потсетува дека Никола Димитров е најдобар познавач на спорот за името кој од 2003 година е дел од преговорите.

3 Коментари

  1. Тој не разбрал дека од самиот ИДЕНТИТЕТ на држава нема РАЗЛИКА и СПОР, ниту дека тнр. споровите околу НАЦИОНАЛНИ ИДЕНТИТЕТИ може да постојат или ако се инсталираат, како со рез.817, НЕ може да резултираат со ДОСТОИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ, ниту со било какво логично решение. НЕ СЕ РАБОТИ ЗА СПОР/РАЗЛИКА, туку за ОБИД ЗА БРИШЕЊЕ И НЕГИРАЊЕ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ И КУЛТУРА, а ваквото негирање или искоренување НЕ е дозволено и според документите на УНЕСКО, според кои СИТЕ КУЛТУРИ се ЕДНАКВИ!

    Никогаш една нација и култура НЕ почнуваат својот напредок од „КУЛТУРНА НУЛА”!
    Секој народ се културно само-идентифицира!

    Никој нема право да ја негира национална култура на ДРУГИОТ и сите култури се рамноправни и МОРА да се почитуваат, а сите Тие се дел од ЗАЕДНИЧКО СВЕТСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО!

  2. Прифаќањето на наметнатите услови за прием во ОН од страна на Република Македонија не ги легализира нелегалната постапка за прием и нелегалните обврски (EX INJURIA JUS NON ORITUR)

    Во врска со актуелизирање на прашањето за воспоставување на уставното име на Република Македонија во Обединените Нации понекогаш се поставува прашаwето дали таков чекор е правно возможен кога се знае дека Македонија фактички ја прифати резолуцијата 47/225 (1993) на Генералното Собрание на ОН со која беше извршен приемот, а која ги содржи условите да Македонија а) го прифати привременото име (“реферирање”) ПЈРМ за користење во системот на ОН и б) да преговара со Грција околу своето име. (Вториот услов е даден во имплицитна форма: референцата ПЈРМ ќе се користи “се додека не се разреши разликата која се појави околу името”, но во резолуцијата на Советот за безбедност 817 (1993), со која приемот се препорачува, тој има и експлицитен вид). Прифаќаwето на оваа резолуција од страна на Македонија имплицира дека таа го прифаќа и “реферирањето” ПЈРМ во ОН и обврската да преговара околу своето име со Грција. Од друга страна, во нотата на тогашниот Претседател на Владата на Република Македонија од 24 март 1993 година до Претседателот на Советот за безбедност, во врска со Нацртот на резолуцијата 817 (1993) на Советот, се нагласува дека “Република Македонија ни под кои услови не е спремна да го прифати ПЈРМ како име за земјата”. Во истата нота исто така се изразува и “разочарување” што Советот за безбедност не ја следел стандардната форма на резолуциите за прием на нови членки во ОН. Овој протест на македонската влада во врска со текстот на препорачувачката резолуција на Советот за безбедност, меѓутоа, е наполно игнориран во дефинитивните текстови на резолуциите 817 (1993) на Советот за безбедност, а и во рез. 47/225 (1993) на Генералното Собрание. Произлегува дека условите а) и б) при приемот на Македонија и се наметнати. (Дали при овие околности македонската влада би требала да ја повлече својата апликација за членство во ОН е политичко прашаше.) Нас овде не интересираат правната валидност и правните последици на прифаќањето на резолуцијата 47/225 (1993) со наметнатите обврски за Македонија. Посебно, дали прифаќаwето на условите а) и б) може да биде препрека за превземање чекори кај ОН за испитување на нивната законитост, односно нивната согласност со одредбите на Повелбата на ОН.
    Како што покажува правната анализа на резолуциите 817 (1993) на Советот за безбедност и 47/225 (1993) на Генералното Собрание на ОН, поставувањето на условите а) и б) на Македонија при нејзиниот прием во ОН претставува грубо кршење на Повелбата на ОН. Бидејќи со аргументите и резултатите на таа анализа нашата (па и светската научна) јавност е веќе запознаена, овде, заради дефинираwе на контекстот, ќе ги споменеме само најважните заклучоци на анализата.
    Приемот на државата во членство на ОН е регулирано со членот 4 на Повелбата, чиј прв став ги пропишува условите за прием. Према советодавното мислеwе на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година, прифатено и од Генералното Собрание на ОН (со резолуцијата 197/III (1948)), тие пропишани услови се егзостивни (потребни и доволни) и неможат да се прошируваат со дополнителни услови. Членка на ОН, која во Советот за безбедност или Генералното Собрание гласа за прием во членство во ОН на некоја држава, “правно не е овластена да ја даде својата согласност за прием во зависност од услови кои не се изрично предвидени во ставот 1 од речениот член (4)”, се вели во споменатото судско мислење што е потврдено со резолуцијата 197/III (1948) на Генералното Собрание.
    Во резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност се оценува дека Македонија ги задоволила критериумите за прием наведени во членот 4, став 1 од Повелбата (со што Македонија стекнува право на членство), но се додаваат уште и гореспоменатите два услови, со што се проширува исцрпното множество на потребни и доволни услови на членот 4. Вклучувањето на овие услови во резолуцијата за прием има нелегален карактер, бидејќи членот 4, интерпретиран со прифатеното Судско мислење од 1948 година, претставува правна норма. Гласањето во Советот за безбедност и во Генералното Собрание за соответните резолуции, сврзани за приемот на Република Македонија во ОН, кои ги содржат дополнителните услови, очигледно претставува пречекоруваwе на овластувањата на овие органи. Вклучувањето на овие услови во резолуциите за препорака и одлучување за приемот, поред оние од членот 4 за кои се тврди дека Македонија ги исполнила, доведува до ad hoc воведуваwе во системот на ОН нова институција на “условен прием”, што не е предвидено со Повелбата, или со било кој друг документ на ОН. Имено, дополнителните услови поставени на Македонија при приемот не се услови што таа треба да ги исполни пред влегување во членството, туку обврски што таа треба да ги прифати како членка (ако сака да постане членка). Ова укажува дека дополнителните услови поставени на Македонија немаат правна, туку чисто политичка природа. Поставањето на (и гласањето за) дополнителните услови во соответните резолуции за препорака и прием на Република Македонија во членство на ОН, према тоа, претставува грубо кршење на членот 4 од Повелбата и одземање на правото на кандидатот на прием во членство, кога ги исполнува пропишаните (во членот 4 на Повелбата) критериуми за прием.
    Нелегално поставените дополнителни услови за Македонија при нејзиниот прием во ОН имаат и други, значително поважни правни ефекти. Со наметната деноминација ПЈРМ (за користење во ОН), на Македонија и се одзема нејзиниот правен идентитет (и заменува со друг), и поред нејзиното противење (во напред споменатата нота) на македонската влада. Одземањето на правниот идентитет на државата, како битен елемент на нејзината правна личност (заштитена со Декларацијата за принципите на ме|ународното право од 1970) представува грубо кршење на правниот принцип на суверена еднаквост на државите (-членки), прокламиран во членот 2, став 1 од Повелбата. Повеќе од тоа, со вториот услов б) за прием, Македонија е натерана да прифати обврска да преговара околу своето име, со што ОН (како, впрочем, и со улсовот а)) навлегуваат во доменот на строгата внатрешна јурисдикција на државата, спротивно на член 2, став 7 од Повелбата. Изборот на името е инхерентно право на секоја држава (самоопределуваwе на сопствениот легален идентитет), односно влегува во jus cogens нормите на меѓународното право. Со обврската за преговори со Грција околу името, на Македонија и се одзема едно инхерентно право, а на еден надворешен субјект (држава) му се дава возможност за мешање во внатрешните работи на државата. Тоа е исто така спротивно на членот 2, став 4 и 7 од Повелбата. Деградираната правна личност на Македонија во ОН и обврската да преговара со Грција околу името ја поставуваат Македонија во дискриминирана положба во однос на другите држави-членки на ОН, т.е. во нерамноправен членски статус.
    Принципите на ОН внесени во членот 2 на Повелбата представуваат првни норми кои ги обврзуваат како ~ленките, така и Организацијата на ОН, како меѓународен правен субјект. Нивното прекршување повлекува правна одговорност. Како и повредата на член 4, став 1, повредите на став 1 (суверена еднаквост на државите – членки) и став 7 (немешање во внатрешната јурисдикција) од членот 2 на Повелбата представуваат акти на пречекорување на овластуваwата на Организацијата (ultra vires акти).
    Да се вратиме кон прашањето поставено во почетокот: дали прифаќањето од страна на Македонија на резолуцијата со која е примена во членство во ОН, заедно со дополнителните обврски за Македонија кои таа резолуција ги содржи, ги отстранува повредите на членовите 4 (став 1) и 2 (ставови 1 и 7) на Повелбата направени со таа резолуција? Одговорот е очигледно негативен. Членот 4 е правна норма и нејзината содржина и дејство не можат да зависат од “договорот” меѓу апликантот и Организацијата за нивно менување. Безправниот карактер на дополнителните услови а) и б) за прием на Македонија во членство на ОН произлегува од самиот карактер на таа норма (да ги фиксира условите за прием) и од фактот што дополнителните услови го трансцендираат чинот на приемот и, према тоа, немаат правна природа. Согласно со принципот во меѓународното право ex injuris jus non oritur (од безправие не може да произлезе право), прифаќањето на незаконски поставените услови нема правна релевантност, т.е. не може да ги легализира таквите услови. Согласноста на апликантот да ги исполнува обврските сврзани со дополнителните услови за прием не ја ослободува Организацијата од одговорноста за пречекоруваwе на своите овластувања и за повредите на членовите 4 (став 1) и 2 (ставови 1 и 7) на Повелбата. Правните норми на Повелбата имаат функција да воспостават одредени права и обврски за државите – членки и Организацијата кон кои тие треба да се придржуваат. Членот 4, став 1, на пример, го заштитува правото на државата да биде примена во членство кога ги исполнува пропишаните (во тој член) услови. Проширување на овие услови од страна на Организацијата представува повреда на оваа норма, па дури и ако апликантот се огласил со таквото проширување.
    Правниот принцип ex injuria jus non oritur важи и во домашната јурисдикција. Ако е, на пример, законски пропишана минималната цена на работниот час, а работникот, заради нужда, се согласил да работи и за пониска цена, тоа не го ослободува работодавачот од одговорноста пред законот за понудената (односно платената) пониска цена на работниот час.
    Во прашањата сврзани со приемот, суспензијата или исклучувањето од членство, Организацијата и државата – членка(односно апликант) се појавуваат како меѓународни правни субјекти, и тоа во однос кој има контрактуални карактеристики. Како што е познато од договорното право, согласноста дадена за контрактуалниот однос престанува да биде валидна ако таа е дадена под притисок, на измама, во заблуда, по грешка или со кршеше на правилата на меѓународното право и посебно, неговите jus cogens норми (како што се правната еднаквост, самоопределувањето, недискриминацијата и сл.). Во случајот на приемот на Република Македонија во ОН, прифаќањето на дополнителните услови за прим можел да биде резултат на возможни притисоци од разен вид, заблуда за законитоста на предложените нацрт – резолуции за приемот и сл.
    Во секој случај, контрактуалниот однос (приемот) е воспоставен со нарушување на принципот на самоодредуваwе на легалниот идентитет и со воспоставуваwе на дискриминиран членски статус (правна нееднаквост) на Република Македонија, што укажува на правната невалидност на приемот (односно дефектност на резолуцијата 47/225 (1993)).

    Заради сите овие причини, прифаќањето од страна на Република Македонија на дополнителните услови (обврски) содржани во резолуцијата 47/225 (1993) на Генералното Собрание не може да се смета дека има правно дејство. Затоа Македонија има полна правна слобода да го постави прашањето за легалноста на тие услови пред Генералното Собрание на ОН, односно да предложи резолуција во Генералното Собрание со која Генералното Собрание бара советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата за согласноста на поставените дополнителни услови кон Македонија при нејзиниот прием, со одредбите на Повелбата.

  3. ВАЖНО!
    ПРАШАЊЕТО ПРЕД СБ НА ОН Е ЗАТВОРЕНО СО РЕЗ. 845 НА СБ НА ООН, ВО КОЈА СЕ ДАВА ДАТУМ 48 ЗАСЕДАНИЕ НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОО 1993. ОД ТОГАШ. СЕПТЕВРИ 1993, ВЕКЕ ОВА ПРАШАЊЕ НЕ Е ВО РАЗГЛЕДУВАЊЕ ВО СБ НА ООН. ВИДИ: „United Nations Security Council resolution 845, adopted unanimously on 18 June 1993, after recalling Resolution 817 (1993) and considering the Secretary-General’s report pursuant to it, the Council urged both Greece and the Republic of Macedonia to continue efforts to settle the naming dispute..
    The efforts of the Co-Chairmen of the Steering Committee of the International Conference on the Former Yugoslavia were appreciated, while the Secretary-General Boutros Boutros-Ghali was requested to keep the Security Council regularly updated, with the aim of settling the issue before the 48th session of the General Assembly in September 1993.”
    ПРАШАЊЕТО КАКО ШТО ГЛЕДАМЕ НЕ Е БЕЗБЕДНОСНО ОД СЕПТЕМВРИ 1993.
    ОВА Е БИТНО ОТИ НЕКОЈ ОД СДСМ, КЕРИМ И НИКОВСКИ ВИКААТ ДЕКА И ДЕНЕС Е БЕЗБЕДНОСНО ПРАШАЊЕ!!!

Comments are closed.