Лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, денеска објави дека ќе поднесе иницијатива за гласање недоверба на владата во врска со договорот за името Атина-Скопје,.

Гласањето за недоверба на Владата на Ципрас е на дневен ред по 18 часот.

Киријакос Мицотакис смета дека премиерот Алексис Ципрас нема политички легитимитет да го потпише договорот со северниот сосед, бидејќи „Независни Грци“, владиниот партнер, не се согласуваат со решението во идното име да стои зборот„Македонија“

Неа демократија ќе побара поддршка од Независни Грци на Панос Каменос да го блокираат договорот.

Алексис Ципрас, синоќа, во интервју за ЕРТ, рече дека е убеден дека Панос Каменос можеби нема да гласа за договорот, но дека нема да ја собори владата.

Владата го отфрли барањето на Киријакос Мицотакис за договорот да се дебатира во Парламентот пред да биде потпишан од двете земји.

Претходно Мицотакис го повика и претседателот Прокопис Павлопулос да интервенира бидејќи договорот е „длабоко проблематичен“.

Ципрас го критикуваше ставот на Мицотакис како „неодговорен“ во телевизиското интервју за ЕРТ.