Вечерва нови собири во Атина и Солун за одбрана на „Македонија“

Два нови собири во Атина и Солун се закажани за вечерва во Атина и во Солун од граѓани кои се противат на преспанскиот договор.

Протестот во Атина, кој го организира македонското Национално движење за одбрана „Александар Велики“ и Научниот комитет за национални прашања, ќе се одржи на плоштадот „Синтагма“ во Атина во 18 часот.

Во Солун, митингот ќе почне еден час подоцна, во 19 часот по грчко вереме, пред спеменикот на  Елефтериос Венизелос.

„Борбата продолжува се додека не се поништи договорот со кој е даден терминот ‘Македонија’ на Скопје“ порачаа организаторите преку социјалните мрежи.

 

SHARE

Comments are closed.