Венеција сака туристи, ама не многу

Венеција постави привремени „порти“ за да ги одврати туристите кои во огромен број доаѓаат во градот, информира АП.

Мерката ќе биде во сила за време на продолжениот викенд кој завршува со 1 Мај .

Туристите кои го посетуваат овој италијански град се далеку побројни од жителите,  а тесните улици се речиси непроодни за време на големи туристички посети.