Вес Мичел: Што прави САД за името и што очекува до НАТО (ВИДЕО)

Loading...

По веста што ја објавивме во врска со настапот на помошникот државниот секретар на САД за Евроазија Вес Мичел вчера во Вашингтон еве го и видеото во кое се потврдуваат информациите на expres.mk.

Мкчел вчера потврдил дека “Дел од тимот на САД во моментов работи на прашањето за името а Америка продолжува да игра тивка улога заедно со ЕУ, Германија и останатите охрабрувајќи ги двете страни во прашањето за името со цел надминување на блокадата за да ја видиме Македонија да стане членка на НАТО”.

Тој вчера во Вашингтон на настан во тинк – тенкот Херитиџ ја промовирал стратегијата на претседателот Трамп за Европа.

Според Мичел за името и другите прашања на Западен Балкан се троши многу енергија и многу време на дневна основа и САД се посветени но дел се многу стари и тој не очекува некое од нив да се реши целосно набрзо но смета дека се прави важен прогрес.

Освен за Македонија Мичел зборувал и за Србија и Косово, за Босна и за Турција како најважен партнер на САД во војната со ИСИС.

Делот за регионот и прашањето за името е во последните 5 минути

Тим на САД работи на спорот за името, не се очекува брзо решение