Светиот Синод на Вселенската патријатршија соопшти дека е разгледано прашањето со нерешениот канонски статус на Македонска православна црква-Охридска архиепископија и дека ќе се зафати со тој проблем.

Во соопштението се вели дека во Патријаршијата добиле писмо од македонскиот премиер Зоран Заев, во кое тој бара поддршка за решавање на прашањето на статусот на МПЦ-ОА.

На крајот на пораката од Светиот синод на Вселенската патријаршија се вели дека „се одлучи да се зафати со ова прашање, да ги преземе неопходните чекори, согласно неприкосновените историски и канонски права, одговорности и привилегии на првопрестолната Вселенска патријаршија“, пренесува БГНЕС.

Минатата есен МПЦ-ОА побара од Бугарска православна црква (БПЦ) помош за решавање на нејзиниот канонски статус и таа да биде нејзина црква-мајка.

На крајот на ноември Светиот синод на БПЦ формира посебна комисија за решавање на статусот на МПЦ-ОА, на чело со владиката Кипријан. На почетокот на јануари во Синодот на БПЦ се одржа средба со архиепископот Стефан и неколку митрополити од МПЦ-ОА.

На Велигден Бугарија ѝ го даде благодатниот оган на Македонија, која за прв пат го доби официјално.

Но, сосема неочекувано, пишува БГНЕС, и спротивно на сите чекори од ноември 2017  година, на 14 мај Светиот синод на БПЦ одлучи да не испраќа свои претставници за одбележувањето 1.000 години Охридска архиепископија на 28 мај во Охрид.

 

SHARE

Comments are closed.