Ветерани на ОВК го блокираат патот на Вучиќ низ Косово

Стотици Албанци, меѓу кои и ветерани на ОВК, го блокираа со булдожери и греди патот кон селото Бања каде денеска треба да пристигне српскиот претседател Александар Вучиќ. .

Според српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, блокадата ја органиираат вооружени некогашни борци на ОВК .

Според неофицијални информации на РТС, организатори на блокадата се градоначалниците од Дреница по наредба Кадри Весели.

Вулин изјави дека во  во околината на Дреница во Косово, каде што српскиот претседател Александар Вучиќ треба да помине до селото Бање, на пет места се пука, а според него, тоа го прават вооружени ветерани на ОВК, а одговорен е претседателот на косовското собрание Кадри Вејсели.

РТС, исто така, наведува дека КФОР и КПС не можат да гарантираат безбедност, пренесува Б92.

На снимката, која ја емитуваше РТС се гледа голема група демонстранти на патот кои носеа транспаренти против посетата на Вучиќ на Косово и Метохија.

РТС потсетува дека местото Србица ецелосно населено со Албанци, а во селото Бања ,каде треба да пристигне Вучиќ има околу 300 српски куќи.

РТС тврди дека се очекуваат масовни протести и блокади, и дека има вооружени лица во оваа област.

Оставете Коментар