Викиликс: Каков пакет за името прифатила Македонија во 2008 година?

Уште пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, владата на Никола Груевски била подготвена да прифати договор со Грција за користење на името „Северна Македонија“, но со силно утврдени услови за користење, се вели во тајна телеграма на амбасадата на САД во Македонија, а која ја обелодени Wikileaks.

Во документот насловен „Што им треба на Македонците за да го решат спорот со името“, од 29-ти јули 2008 година, се вели дека ФИРОМ не се согласила на никакви отстапки кон грчката страна, дека ултимативно би прифатиле назив „Северна Македонија“, но со јасно утврден опсег: употреба во сите меѓународни организации и во билатералните односи со земји кои не сакаат да го користат уставното име на Република Македонија.

Истото би важело и за меѓународните договори. Македонија би ја задржала употребата на уставното име на пасошите, производите, медиумите, итн.

Во заклучокот тогашната амбасадорка на САД, Џулиен Миловановиќ, вели дека, по темелните разговори и со претседателот Бранко Црвенковски и со премиерот Никола Груевски, македонската страна не отстапува од идентитетските гаранци, меѓу другото и нацијата да се нарекува „македонска“, не „северномакедонска“.

3 Коментари

  1. Се потврдува дека РЕШЕНИЕ за ИМЕТО со Грција НЕ ПОСТОЈИ!
    Државното име не е и НЕ МОЖЕ да биде предмет на меѓународен СПОР или „разлика”, туку може да биде само предмет на меѓународното признавање, како во случај со нашата држава! (Ние не сме признати во ОН под РМ, туку под БЈРМ).

    Уставното име треба да биде признаено од ООН, со резолуцијата со која се продолжува членството во ООН под Република Македонија! види https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un
    (Ваквата Резилуција се донесува со простото мнозинство од присутните).

Оставете Коментар