По вчерашниот текст на „ Expres.mk“ дека плоштадот во Виница (можеби) ќе претрпи „радикални“ измени поради „бекатон -апликацијата“ на  на граждското шеталиште, и дека тоа може да биде првата „колатерална жртва’ од договорот Заев-Ципрас кој предвидува елиминирање на „Сонцето од Кутлеш(Вергина) од сите јавни содржини, следуваа реакции.

Но, не во смисла дека е преседан странска држава да наметнува „решенија“ како локалната самоуправа ќе го решава локалниот простор за локалните граѓани…туку како да се „амортизира“  членот 8 од договорот постигнат меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас,  со кој се дефинира „судбината“ на спомениците во Македонија и во кој, во параграфот 3, точно се прецизира дека „втората страна“ (идната Северна Македонија) не смее повторно да го користи на било кој начин  Сонцето од Кутлеш (Вергина).

Прецизно е нагласено во дговорот дека 16-кракото сонце, кое беше на првото знаме на самостојна Република Македонија, „но преживеало во некои форми на јавни места и за јавни потреби“, во рок од шест месеци ќе биде отстрането од секаде.

Значи и од плоштадот во Виницаж.

На социјалните мрежи веќе почнаа да се предлагаат „креативни решенија“ каква бекатон-апликација треба да има по прередување на бекатоните на плоштадот во Виница.

SHARE