Агенцијата „Макфакс“ открива дека покрај ќерката на спикерот на Собранието, Талат Џафери, и високиот функционер на СДСМ, Мирослав Грчев, во ЕЛЕМ се вработил и сопругот на државната секретарка во МВР. За разлика од Бесијана Џафери и Димитар Грчев, сопругот на Магдалена Нестировска бил најдобар од сите пријавени на конкурсот.
По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“ велат дека ги вработиле поради исклучителните биографии во поглед на нивното образование, но и делумното работно искуство што го поседуваат.
Целата вест на макфакс.мк