Владата бара од „своите“ медиуми да не шпекулираат за името

Владата на Република Македонија останува посветена на изнаоѓање решение кое го штити и зајакнува достоинството и идентитетот на граѓаните на РМ. Шпекулациите во овие сензитивни моменти не можат да придонесат оваа стратешка цел од национален интерес, велат од македонската Влада во врска со шпекулациите пласирани од регионални медиуми.

Реакцијата доаѓа откако српскиот портал „Курир.рс“ објави дека преговорите се пропаднати затоа што Грција побарала во решението воопшто да не стои зборот Македонија. Овој медиум додека СДСМ беше во опозиција се користеше за пресметка на владата на ВМРО-ДПМНЕ. „Курир.рс“ важи за медиум под контрола на групата зад која стои Зоран Башановиќ, советник на премиерот Заев, кој според медиумски извештаи ги води преговорите со кабинетот на Ципрас. Сопственикот на „Курир.рс“, Роди,ќ е добар пријател за Заев.

Најаважно е, како што посочуваат од Владата, да се постигне квалитетно и заемно прифатливо решение кое ќе биде одржливо.

„Изграденото пријателство меѓу двете држави е голем влог за заедничката иднина, а соработката во иднина само ќе се зголемува. Владата на РМ останува силно посветена на остварувањето на стратешките цели, членството во ЕУ и НАТО, а јасно е дека за нивна реализација неопходно е да се надмине проблемот што Грција го има со нашето уставно име“, велат од Владата.

 

2 Коментари

  1. Грчкиот УЛТИМАТУМ треба РЕШИТЕЛНО да се Одбие!!

    КРАЈ на срамните ПРЕГОВОРИ за ИМЕТО!!

    АКЦИЈА во ООН за Република Македонија!!

Comments are closed.