Владата дала 40,000 долари на министерско дете, Димитров се извини на ќерката

Ќерката на министерот Никола Димитров лани добила 40.000 евра стипендија од државата за да студира на универзитетот во Утрехт, Холандија, објави магазин.мк.  

Целата процедура завршила лани во август на комисија свикана од тогашната министерка за образование за еден ден.

И министерката за образование Дескоска и претседавачот со комисијата Маричиќ Тушева знаеле за кого станува збор, односно според приложените документи увиделе дека Јана Димитрова е ќерка на членот на владата Никола Димитров. Комисијата не работела во полн состав, односно отсуствувал претседателот на комисијата Бардуљ Туши, па отаму се поставуа прашањето дали тој бил свесен за судирот на интереси и непотизмот во овој случај и дали заради тоа не бил присутен кога се носела одлуката за стипендијата од 40.000 долари на Јана Димитрова?

Стипендијата, освен школарина на факулетот во Утрехт, покрива и авионски билети до Холандија и од Холандија кон Македонија, на почетокот и на крајот на секоја студиска година. Стипендијата исто така го покрива и сместувањето за Јана Димитрова, но тука се отвара уште една дилема, а тоа е дека министерот Димитров поседува стан од 132м2 во Хаг, кој е оддалечен 69 километри од Утрехт, односно 40 минути возење со воз до Универзитетот.

Целата сторија на магазин.мк

За скандалот реагираа и од Владата и лично нејзиниот татко. Тврдат дека Јана Димитрова ги исполнила  строгите критериуми на конкурсот, а стипендии добиле сите кои се запишале на првите 100 универзитети од Шангајската листа, а останале и слободни места. Од Владата тврдат дека процедурата била во согласност со критериумите, а сите одлуки биле донесени пред ланските локални избори за студентите да не ја испуштат учебната година.

– Во случајот со стипендирањето на ќерката на Никола Димитров, не постои никакво отстапување од методологијата спроведена кај сите други кандидати, не постои  ниту нејзино привилигирање, ниту дискриминирање на било кој друг кандидат. Тоа може да се види и од списокот на кандидати и од списокот на лицата кои конкурирале. Јана Димитрова, како и сите други апликанти, за да ја добие стипендијата морала да ги исполни сите строги критериуми наведени во конкурсот и да обезбеди потврда дека е примена на еден универзитет од шангајската листа, во дадена област којашто се стипендира, се вели во соопштението од Владата.

Министерот Димитров на неговиот фејсбук профил напиша дека е згрозен од јавното изложување на неговата ќерка затоа што успеала да се запише на еден од најдобрите универзитети и повика ударите за неговиот политички ангажман да ги упатат кон него.

– Згрозен сум од вовлекувањето на моето семејство со очигледни политички мотиви во време кога не’ чека историска одлука, напиша министерот Димитров.