Владата го обвини Претседателот за инцидентот на Мечкин Камен

И покрај тоа што за јавната безбедност на сите настани во Македонија одговорно е МВР за денешниот инцидент во Крушево Владата го обвини кабинетот на претседателот Иванов.

“Во одговор на полемика на Фејсбук, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, соопшти дека организатор на настанот во Крушево е претседателот Ѓорге Иванов, а не Владата или локалната власт.

На прашањето кој бил задолжен за обезбедување на настанот и за контраразузнавачките информации, со оглед на фактот што било најавено присуство на високи странски дипломати, на чело со Метју Палмер, заменик помошникот државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, Бошњаковски потврди дека МВР прави безбедносна проценка, која потоа ја доставува до организаторот”, пренесе плусинфо.мк

Повеќе за денешниот инцидент

Полицијата спречила посериозен инцидент на Мечкин Камен