На вонредна седница владата денеска итно ќе заседава за промена на Уставот на Република Македонија, согласно потпишаниот преспански договор.

„Единствена точка на дневниот ред e Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија”.

Предлогот, доколку биде усвоен на денешната владина седница, ќе биде испратен во Собранието каде се потребни  две третини од составот на Собранието или 80 пратеници  да гласаат „за“ потребата од измените на Уставот за тие воопшто да се донесат.

Вооптек се шпекулации дека наводно6 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дале поддршка на изборите, но за обезбедување мнозинство – требаат 9.

Седница на Собранието околу уставните измени бисе одржала на 16 октомври

SHARE

Comments are closed.