Владата, министрите и советниците ќе пијат кафе за 45 илјади евра (ФОТО)

Владиниот тендер за набавка на кафе и капучино тежи фантастични 45 илјади евра, или 2 700 000 денари- како што стои во огласот на веб страната на системот за јавни набавки.

Толку ќе чини еспресо, капучино, филтер, кафе што ќе се пие во Владата стои во огласот.

Овој тендер се појавува откако јавноста ја шокира информацијата дека Владата има намера да потроши 670 илјади евра за хортикултурно уредување на 20 државни објекти.

За Владата, не е спорно тоа што толку многу пари ќе бидат потрошени затоа што ваквите набавки не почнувале од нив, туку истото го правеле и претходниците, само што сега владата била транспарентна.