Една од причините што владата се уште ги крие членовите на комисијата за преговори за историјата, археологијата и образованието е во тоа што десетина врвни македонски експерти одбиле да бидат дел од телото кое треба да ја менува македонската историја по грчки терк.
Дел од нив одбиле поради зафатеност а дел затоа што не се согласуваат Македонија да ја менува историјата по налог на Атина. Грција досега има поднесено 140 барања за менување на историски грешки а Македонија само 2.
Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција, е формиран согласно член 8, став 5 од Конечната спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција, потпишана на 17 јуни во Нивици, Преспа.
Заедничкиот комитет ќе има задача да го разгледува објективното научно толкување на историските настани засновано на докази и научно издржани историски извори и археолошки наоди.
„Комитетот ќе разгледа и ако утврди, можно е да се прави ревизија на било кои учебници, историски атласи, наставни упатства кои се користат и во Македонија и во Грција.
Предвидено е овој комитет да ги проучи и новите изданија на учебниците“, објави предходно expres.mk.
Во составот на ЗИКЕ од македонска страна има седум члена, на чело со амбасадорот Виктор Габер. Другите 6 члена се уште се кријат иако за тројца веќе има шпекулации дека прифатиле.
Исто како и од македонска, така и од грчка страна ќе има седум члена, а претседател е заменик-министерот за надворешни работи Маркос Боларис.