Владата потрошила само 100 евра за повик на референдумот

„Владата на Република Македонија преку официјалните фејсбук страници има реализирано дистрибуција на јавни содржини со кои се објаснува содржината на македонско-грчкиот договор во износ од 100 евра“.

Станува збор за спонзорирани реклами од страниците влада.мк, од премиерот Зоран Заев, вицепремиерката Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за дијаспора Едмонд Адеми, велат од Владата на РМ за „Сител“.

Овие пари му биле платени на Фејсбук за да се рашири достапноста на нивните статуси до што е можно поголема публика на социјалните мрежи.

Од влада тврдат дека не се потрошени пари од државниот буџет.