Владата со нов софтвер еднакво ќе го финансира регионалниот развој

Владата на Република македонија ќе воведува нов софтвер, со кој ќе може да се следи дали парите наменети за еднаков развој на регионите навистина стихгнуваат до крајните корисници.

Според вице-премиерот Кочо Анѓушев, кој го промовираше новиот софтвер, ако итно не се превземат мерки за надминување на разликите во развојот на регионите во Македонија, многу бргу во државава ќе останат три градови во кои сите ќе сакаат да живеат, а останатото ќе се претвори во пустош.

„Ако денес сакаме да видиме информација дали одвојуваме доволно средства како што кажува и законот, односно еден отсто од БДП за рамномерен регионален развој, не можеме да видиме дека е тоа така бидејќи тие средства се распределени по сите институции и не можеме да видиме дали навистина тие средства се одвојуваат или не. Со овој софтвер ќе ја знаеме бројката на средства и како се распределени“, посочи вице-премиерот.

Новиот асофтвер ќе биде подготвен во соработка со швајцарската Влада, во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ што ќе се спроведува до крајот на 2020 година. Формирана е и проектна единица, која ќе подготви документација и ќе распише постапка за избор на компанија која ќе го изработи софтверот.

„Не смее да се повтори ситуација во која во град Скопје ќе потрошиме 800 милиони евра за да направиме супер модерен град, барок итн, а притоа само 18 проценти од државата да биде покриена со канализациски систем, или пак да направиме систем како „Злетовица“ во кој сме потрошиле 100 милиони евра, но не сме ги прилагодиле општините-клиенти да ја користат таа вода и сега системот не е функционален“, додаде Анѓушев.

Како што нагласи амбасадорот на Швајцарија во Македонија Стефан Томаџан, проектот е продолжение на активностите што со поддршка на швајцарската Влада се спроведуваат во државава од 2012 година.

„Потребно е да се алоцираат буџетски средства согласно потребите на планските региони, меѓутоа потребно е подеднакво и поефиаксно балансирано финансирањ – како на хоризонтално, така и на вертикално ниво – во тек на подготвувањето и спроведувањето на националните програми за развој. Исто така, потребно е подобрување на механизмите за идентификување и мониторирање на финаниската распределба, како и на другите мерки за поддршка и за спроведување на регионалните проекти“, рече Томаџан.

Оставете Коментар