Владата со закон признава дека простувањето кое го понуди Заев е амнестија

Јавноста се уште бара одговор што точно сакаше да каже премиерот Заев кога на 17 октомври во Собранието понуди простување за настаните од 27 април.

Некои неговата изјава ја толкуваат како обид за амнестија која што подоцна беше отфрелна затоа што предлогот лошо поминал кај јавноста. Неговите партиски другари и владини колеги вообичаено кога веќе работата излезе од контрола се обидоа да дообјаснат дека тој мислел на помирување меѓу пратениците.

А одговорот се наоѓа во Законот за амнестија што лани во септември го предложи министерствоот за правда односно тогашниот минситер Биљен Салии и заменикот министер Оливер Ристовски по што беше изгласан од Собранието.

Како резултат на тој Закон за Амнестија од затворите беа ослободени околу 800 криминалци.

Истата таа влада која што сега се обидува да објасни дека најавата на премиерот Заев за простување не значи и предлог за амнестија во својот лански законски проект дефинира што значат овие два термини.

„Правото на простување (милост) на државата кон сторителите на казнени
дела е познат во правните системи, како овластување на држацвата под услови
пропишани со закон, против сторители на кривични дела да не се покренува
казнено гонење или на веќе осудените лица казната да им биде простена или
ублажена. Институтот амнестија наоѓа смисла во неприкосновеното право на
казнување на државата, од каде произлегува и правото на простување на
сторителот на казненото дело.
Казната претставува справедлива одмазда за извршеното дело, додека
амнестијата преставува простување, израз на добра волја и милост кон осудените
лица да се помогне во процесот на нивната ресоцијализација“, пишува во делот од законот кој е именуван како „ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО
ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА НЕГОВО ДОНЕСУВАЊЕ“.

SHARE

Оставете Коментар