Владата започна процес на подготовка за стратегија за едно општество

Владата од денес почнува да спроведува процес кој треба да доведе до Едно општество и функционален мултикултурализам кој веќе нема да биде само идеал и спонтаност.

Рубин Земон, посебен советник на премиерот Заев за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации денеска најави дека започнува процесот на подготовка во владата кој треба да заврши со национална стратегија.

„Почитувани граѓанки и граѓани, од денес во Македонија, градењето на граѓанско мултикултурно општество и интер-културната толеранција, нема да биде само идеал и спонтаност, туку започнува процес во Владата за поготовка на Национална Стратегија за развој на Концептот за Едно општество и Интеркултурализам.

Владата ја усвои информацијата и заклучоците на Канцепаријата на Претседателот на Владата, подготвен од нашиот тим за пристапување кон подготовка на Национална Стратегија.
Ве повикувам сите да дадете ваш позитивен придонес кон овој процес“, објави Земон кој на владата и граѓаните и посака среќа во спроведување на планот.

Што точно содржи планот, како ќе изгледа стратегијата и што конкретно ќе се случува со Македонија ако овој план и стратегија се спроведат Земон не откри.

Со ваквата штура информација советникот на премиерот остави простор за дилеми дали најавата е поврзана со предизборната кампања во која што сите припадници на заедниците ќе се убедуваат да гласаат за владеачките партии со ветување дека Владата ќе создаде услови за целосна рамноправност на сите граѓани или пак е искрен план кој што нема врска со изборите.

2 Коментари

  1. признавам дека вљадата навистина започна процеси за едно општество, како завршна фаза од процесот е набавака на “вазељин-подмачкувачи-лубриканти“ и целите сигурно ќе се постигнат, ќе видите како за кратко време северномачедонците со своите пријатељи ќе си се наредат еден позади друг и ќе викаат ха-ха-ха хи-хи-хи-хи, а камшикарот стои од страна и им го мери умот, ама никако да измери, тие да ти биле црпнати северномачедонци кои праваат квантни скокови…..

Оставете Коментар