Владиката Пимен во одбрана на владината стипендистка, ќерката на Димитров

Убаво е да стигнеш до престижен универзитет без разлика чиј си.

Убаво е да вложува државата во такви кадри, ама не е убаво да си ем кабетлија, ем фусатлија.

Искрено не сакам да верувам дека идни студенти од такви факултети пушуваат непромислени твитови.

Па би сакал некој од твитерџиите да потврди или демантира дека тоа е вистински профил на Јана или џабе си полниме душа со гнев и осудување.

Пимен реагираше на информацијата за ќерката на министерот Димитров

Владата дала 40,000 долари на министерско дете, Димитров се извини на ќерката

П. С. Оти на крајот на краиштата мерката за поддршка на студентите е од времето на чичко Никола, а воедно парите не ги дал ни чичко Зоки, ни татичко Никола од џеб за толку благодарење.

П. П. С. Ако пак портали паднале до тоа дереџе да не проверуваат информација срамот нека падне на нив.

Овој е статус на Владиката Пимен на неговиот фејсбук профил, каде следуваа низа реакции од неговите пријатели, еве дел и од нив:

SHARE

Comments are closed.