Владини ботови “елиминирале” 30 членови на #Бојкотирам

Во текот на денов по пријава од владините ботови од социјалната мрежа Твитер се заклучени триесетина профили на активисти на интернет движењето #бојкотирам.

Профилите се заклучени откако предходно до Твитер пристигнале лажни поплаки од повеќе луѓе дека од таму се шири говор на омраза или други видови недозволени активности.

Целта на владините ботови е да се намали растот на употреба на хаштагот #бојкотирам кој е еден од најкористените на Твитер и расте со неверојатна брзина за Македонија.