Владо Поповски: Во преамбулата да стои македонски народ (ВИДЕО)

Се консултираме и со Грција, некои предлози од опозицијата се прифатливи, порача премиерот Зоран Заев на првата од петте јавни расправи што ги организира Владата за уставните амандмани.

Тој ги потенцира предлозите на Панчо Минов за постепена примена, како и дел од предлозите на Илија Димовски за вметнување на Уставот од 1991, но и предлози на албанската опозиција од Алијансата на Абанците и Беса на Касами, изнесени на собраниските дискусии.

Професорот Владо Поповски предложи во Преамбулата на уставот, во новиот текст веднаш по граѓаните на Република Северна Македонија да стои – македонскиот народ.

Поповски бјаснил дека прецизирањето со македонски народ е потребно затоа што граѓаните на Република Македонија не се национален државен субјект туку се колективен субјект кој се бори за своја држава.

Според Поповски треба да стои и „граѓани кои се дел од албанскиот, турскиот, влашкиот, бошњачкиот и ромскиот народ, а не како што досега стоеше „граѓани кои живеат во нејзините граници“.

Поповски бара во Преамбулата да стојат и решенијата од АСНОМ кои имаат конститутивно значење, а не да се употребува Прогласот, бидејќи тој, според него, е само информација.

Професорот Љубомир Фрчкоски рече дека во Преамбулата треба да се вметне Охридскиот договор но не во иста реченица со историските договори и со уставот од 1991.

Според него, во 3 амандман треба да пишува дека Републиката се грижи за дијаспората само кусо без да се наведува припадници на македонскиот народ или да се наведуваат други заедници.

 

 

SHARE

7 Коментари

  1. ОВА Е ЛАЖНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ДЕМЕК „УСТАВОТ” ПОД ДИКТАТ ОД ПРЕСПА, СО ТНР. „ЕКСПЕРТИ”, ВО СУШТИНА БОТОВИ НА ЗАЕВ СО ЦЕЛ ДА СЕ ИЗЛАЖЕ НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ ДЕКА ДЕМЕК СЕ Е ВО РЕД СО УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ И МЕНУВАЊЕТО НА ИМЕТО И ЗА НАДВОРЕШНАТА, НО И ЗА ДОМАШНАТА УПОТРЕБА ОДНОСНО ЕРГА ОМНЕС!
    ОВА СЕ Е САМО ЦИРКУС И ОБИЧНА ФАРСА, А УЧЕСНИЦИТЕ НА ОВАА ПОДВАЛА И ИЗМАМА СЕ ЛИЦА СО МОРАЛЕН И ИНТЕЛЕКТУАЛЕН ДЕФИЦИТ!
    ЦЕЛТА Е ДА СЕ ОПРАВДА УСТАВНОТО БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, МАКЕДОНСКОТО ИМЕ, ПОД УЦЕНА ОД ГРЦИЈА И ТАКВОТО ШТЕТНО АНТИМАКЕДОНСКО ДЕЛУВАЊЕ ДА СЕ ОПРАВДА И ОД ТНР. „ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ” ДА СЕ ЛЕГИТИМИРА!!
    ОВИЕ БОТОВИ И ПОДВИЖНИ КУКЛИ НА ЗАЕВ УЧЕСТВУВААТ ВО НАЈГОЛЕМО ПРЕДАВСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ИСТОРИЈАТА ДО СЕГА!

  2. Во расправата учествуваат само СДС копии и полтрони на Зајко! В. Поповски кажа: “Тука фали Македонски народ”! Е па Владо така е според Преспанскиот, ако го вметнеш НАРОД, Договорот пага во Грција!
    Што не ти е јасно? Спогодбата за таа цел е и направена, за ДА ГО НЕМА МАКЕДОНСКИ НАРОД!
    Со Македонски Народ, НЕМА СПОГОДБА!
    Што не ти е јасно? Сакаш да ја подобриш СПОГОДБАТА или УСТАВОТ?? ХАХАХАХА!

  3. Спогодба со друга држава за својот национален идентитет е, по себе, бесмислица и претставува невозможна мисија. Договор-спогодба со другиот за националниот идентитет е идиотизам.

Оставете Коментар