Власта и опозицијата вработуваат 23 помошници во Собрание

Усогласеноста на власта и на опозицијата околу изгласувањето на т.н. реформски закони се прошири и на вработувањето вкупно 23 надворешни соработници во Собранието.

По десет помошници ќе добијат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, двајца ДУИ и еден БЕСА, а тоа ќе ја чини државната каса 150 илјади евра годишно, за што и согласноста и парите се веќе обезбедени од Министерство за финансии.

На изгласувањето ваква одлука му претходел дополнителен ангажман на претседателката на Буџетскиот совет, Фросина Ременски, која по половина час од закажаниот почеток на седницата на ова собраниско тело обезбедила кворум со личен и телефонски контакт со пратениците.