Влатко Стефановски со „Мајчин јазик“ во Софија

Loading...

Вие сте неверојатна публика – публика која „има антени и знае како да слуша“.

Со овие зборови, македонскиот гениј Влатко Стефановски синоќа го започна својот концерт во живо во Sofia live club.

Во преполнетиот клуб, пред стотици негови фанови, Стефановски исполни нумери од неговиот последен албум „Мајчин јазик“, но и најдоброто од неговата повеќе од 30 годишна музичка кариера.

Пред да ја исполни  „Бистра вода“, тој се обрати на присутните со зборовите „да би се претставам. Јас се викам Влатко Стефановски. Доаѓам од најблиското соседство и ви носам најпријателските поздрави од моето Скопје“ по што публикатаго врати „на бис“, пренесе агенцијата БГНЕС.

„Мајчин јазик“ е 35 албум на Влатко Стефановски, кој се појави лани во октомври.