Влегува ли во раскол партијата на Македонците во Грција за договорот ?

Суштинска и напната дебата за договорот меѓу Македонија и Грција се водела на последната средба на колективното раководство на партијата на Македонците во Грција.

И покрај присутните разлики кај дел од највисоките претставници заклучокот е дека Виножито е против промена на името на Република Македонија и против Преспанскиот договор

“Нашиот став е непроменет, ние сме против каква било промена на уставното име на Република Македонија, а тоа значи и дека сме против Преспанскиот договор. Не сме против дијалогот помеѓу двете држави” се вели во официјалниот став на партијата.

Како што пишува мкд.мк со оваа позиција политичкиот секретаријат на Виножито, партијата на Македонците во Грција сака решително и едногласно да ги расчисти шпекулациите околу наводната промена на официјалната и доследна позиција на партијата за ова прашање.

Дали Република Македонија ќе го смени нејзиното уставно име или не, останува да биде внатрешно прашање на државата и на нејзините граѓани кои имаат демократско право да гласат за или против или пак и да не гласаат, велат од раководството на Виножито и истакнуваат дека остануваат против каква било промена на уставното име на Република Македонија.

На состанокот на политичкиот секретаријат одржан на 19 август присуствувал и Павле Воскопулос кој смета дека договорот „Нема никаков проблем и рефлексија врз националниот индентитет и дека префиксот Северна не значи какво било оспорување на идентитетот”.

Добро упатени извори во Виножитито дека партијата засега успеала да ги преброди разликите но не се исклучуваат нови тензии пред и по референдумот и уставните промени кога Македонија согласно договорот ќе мора да се откаже од своето малцинство во Грција и да го смени членот 49 од уставот.

Најатрашното сценарио за ионака слабата структура на Виножито е целосен раскол во партијата и поделба на две фракции , една против а друга за спроведување на договорот за името.

1 Коментар

Comments are closed.