Албанските опозициски партии за позитивен чекор го оценуваат вметнувањето на Охридскиот рамковен договор во Прембулата на Уставот, но сепак нагласуваат дека тоа не ја подобрува правната положба на Албанците во земјава, бидејќо „новата“ Преамбулата го потврдува признавањето на Албанците како народ од 20 проценти.

„Амандманите од 2001 година се дел од Уставот на земјата и гледаме дека тие амандмани не обезбедија решение во односите меѓу Албанците и Македонците, во остварувањето на албанските права, за целосна рамноправност на Албанците во Македонија. Албанците беа како народ од 20% и не залудно со амандманите и предлозите што ги понудивме на Владата како овластен предлагач на нацрт-амандманите, побаравме да се укине ова 20%“, вели Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса.

„Во однос на политичката и правната димензија, сметаме дека еден политички договор меѓу Македонците и Албанците ќе го зајакне албанскиот елемент во рамките на сегашниот Устав, каде што ние како Алијанса за Албанците ќе се произнесеме за ова. Во однос на историската димензија сметаме дека држи Охридскиот договор да биде покрај елементот на Крушевската република и АСНОМ“, рече Флакрон Беџети, портпарол на Алијансата за Албанците, пренесува Алсат М.