ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица!

Македонската опозицијата најави дека ќе започне активности кои што ќе се одвиваат надвор од партиското седиште а кои ќе имаат за цел да го поведат народот против злото кое го носи владата на Зоран Заев.

„ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица, да го поразиме црното владеење на Заев. И во овие зимни месеци ќе го поведеме народот на улица, затоа што состојбата е аларамантна. Државата е киднапирана од егоистична елита која им ја одзема власта на граѓаните.

Ќе протестираме и за даноците, и поради загадувањето, и поради прогонот и политичкиот притисок, и поради менувањето на името и поради немањето на откуп на јаболка и тутун. Ќе го кренеме гласот пред да биде предоцна. Ќе протестираме поради секоја неправда направена врз секој еден граѓанин.

Чекор по чекор ќе се отргнеме од ова зло кое го носи владата на Заев“, најави попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

Позицијата уште оваа недела ќе организира протестен марш кој што ќе се случи во Скопје а треба да заврши пред македонската влада.

Првиот протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во среда – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој најавува дека собирот ќе започне пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ до Владата на Република Македонија.

Потоа ќе биле организирани протести и во другите градови на Македонија.