Најголмата опозициска партија нема да бара дел од предвидените 1.3 милиони евра предвидени за кампања за рреферендумот, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мискоски на Фејсбук.

„ВМРО-ДПМНЕ со сопствени сили и средства, наогајќи потпора во народот, кој е столбот и вистинскиот извор на власт и легитимитет во оваа земја, пред се одејќи од врата на врата, од дом во дом, во маалата, градовите, селата, ќе учествува во кампањата и ќе биде против овој договор, и во моментот кога ќе го дефинираме конечниот став во однос на самиот чин на гласање, учество референдумот, истиот ќе биде соопштен на граѓаните.
Сопственик на оваа држава е народот, а ВМРО-ДПМНЕ останува со народот“ напиша лидерот а ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фб профил.

Заега само пратеикот од редовите од оваа партија, Антонио Милошоски, го извести Собранието дека бара средства од 1,3 милион евра со кои располага Координативното тело на чело со спикерот Талат Џафери, за агитирање.

Во вчерашниот допис до Собранието, Милошоски најави дега ќе агитира за бојкт за референдумот и побара дел од средствата за таа намена.

Експресно следуваше дообјаснување дека предвидените пари за кампања Сообранието ќе ги нсочува кон електронски, пишани медиуми и Интерннет, пропорционално, и откако пратеницитеќе ќе се изјаснат дали ќе бидат „за“ или “против“ на референдумското изјаснување.

Милошоски побара пари за бојкот на референдумот