ВМРО-ДПМНЕ не го признава референдумот – на избори само со техничка влада (ВИДЕО)

Потпретседателот Александар Николовски вечерва ги соопшти одлуките на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ по одржаната седница на која било заклучено:

Да не се признае референдумот од 30 септември поради низата регуларности и, според негови зборови, сомневањето дека биле уфрлени над 50 илјади гласачки ливчиња во кутиите.

За Договорот од Преспа, било заклучено дека е политички „мртов“ и дека е празно слово на хартија…

Партијата ќе оди на избори доколку биде почитуван договорот и Законот и доколку се формира техничка влада според Пржинскиот договор со мандат од 100 дена.

А тоа значи оставки на Заев, Спасовски и Царовска избор на министри на МВР и на Труд и социјала од опозицијата.

Николовски соопшти дека веќе бил избран и републички и градски изборен штаб на чело со Игор јанушев односно Владо Мисајловски

ВМРО-ДПМНЕ бара смена на јавниот обвинител и избор на нов ЈО на предлог на опозицијата…

Николовски во имена партијата апелираше до власта да престане, како што рече, со шиканирање, разместување и бркање од работа на сите оние кои одлучиле да гласаат против или да не излезат на одржаниот референдум во неделата. Раководителите кои тоа го прават ќе одговараат согласно закон, рече Николовски.

ВО ЖИВО: ВМРО-ДПМНЕ соопштува за одлуките по Извршниот комитет

 

1 Коментар

  1. СДСМ има 3 вини кои ВМРО може да ги искористи :
    1. Бугарската спогодба, со ваквите комисии за цензурирање и прекројување историја!!,
    2. Законот за јазици, со кои се разбива унитарниот карактер на Р. Македонија!!, и
    3. Срамната преспанската спогодба и велепредавството во обид за промена на ИМЕТО!!!

Оставете Коментар