Во 2008 условна покана во НАТО, во 2018 условена

Што му напишал Коѕиас на Столтенберг за Македонија во НАТО?

Во писмото кое Коцијаз го испратил до Столтенберг [пред 2 недели], Грција ја условува поканата за “пристапни преговори” со НАТО, односно подршката за Македонија само ако, успее референдумот и се исполни промената на Уставот [ерга омнес].

Во писмото до кое expres.mk има пристап сега Грција ни става меко вето за разлика од грубата блокада во 2008 година.

Практично поканата може да стане ефективна само
успеее референдумот и ако се смени уставот, доколку овие два проекти не завршат поканата ќе нема никаква важност затоа што ќе биде блокирана од грчкиот парламент.

Во писмото на Коѕиас до шефот на НАТО Атина не дава никакви гаранции дека Грција ќе го ратификува договорот за влез на Македонија во НАТО дури и ако референдумот биде успешен. Коѕиас и Сириза засега немаат ни просто мнозинство во парламентот.

Во 2008 година Македонија доби условена покана односно и беше најавено дека таа ќе биде врачена на првата наредна седница на НАК (Северно Атлански совет) ако се најде решение за името. Сега една деценија подоцна повторно ќе добиеме условна покана но овој пат со нов заклучок.

За разлика од 2008 во Букурешт кога ни беше побарано да најдеме решение сега дитектно ќе се бара успешен референдум кој објективно тешко ќе помине, како и промена на устав и употреба на името Ерга Омнес

2 Коментари

  1. Е многу сте паметни! Па нормално дека ќе се чека да помине референдумот и да се измени Уставот! Дали некој нормален во Македонија мисли дека може поинаку?

Оставете Коментар