Во Албанија приведени членови на „Република Чемерија“

Албанската полиција синоќа привела девет лица,активисти на самонаречената група „Република Чемерија“.

Обвинетите, кои се пуштени и ќе се бранат од слобода, се товарат за кривично дело „формирање антиуставни партии и здруженија“ и „распространување антиуставни текстови“.

Меѓу приведените е и извесен Илир Бериша (49),косовски државјанин кого полицијата го пронашла во канцелариите на оваа организавија во приморскиот град Саранда, јавува МИА.

Како што неодамна пишување „Expres.mk“ Албанската заедница Чами, избркана од Грција по Втората светска војна, бара Грција да се извини за она што тие го нарекуваат геноцид против нив и да им се дозволи да се вратат во областа во северна Грција од каде биле протерани.

Во февруари годинава, албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за весникот „Та Неа“, рече дека не постојат никакви територијални претензии од Атина кон Грција, но дека протераните Чами имаат право на своите имоти.

Според албанското здружение „Чемерија“, Чемерија историски е територија во Грција во која живееле етнички Албанци, а останала надвор од Албанија на амбасадорската конференција во Лондон 1913 година.

Чемерија ѝ била доделена на Грција, а во 1945 година 35.000 етнички Албанци со православна и муслиманска вероисповед биле истерани поради соработка со окупаторските германски и италијански власти.