Во канцеларијата за врски на Република Македонија во главниот град на Грција, денеска се очекува за референдумот да гласаат 15 македонски државјани со регулиран статус во таа земја.

Од утринава беше отворено гласачко место 5014 каде, во пресрет на утрешниот референдум, денеска треба да гласаат македонските државјани во странство кои се пријавиле за изјаснување

Според МИА, во Солун нема да има гласање зашто не е остварена квотата од најмалку 10 пријавени лица за да биде отворено гласачко место.

SHARE

Comments are closed.