Во Австралија пренос во живо кој е ,,предавник” на референдумот (ФОТО)

Фејсбук страната „Предавници – Traitors“ отворена од група која што е за бојкот на референдумот ги објавува со видео и слика македонските граѓани кои гласаат на референдумот во дијаспората.

Овој систем за следење на избирачкото право кој е забранет во Македонија се случува на повеќе локации во Австралија.

Противниците на референдумот ги снимаат сите тие кои гласаат а освен вербалните напади врз нив, им ги објавуваат и нивните фотографии и видеа со коментари и лични генералии.

Конкретно за двајцата на фотографијата што ја објавуваме се вели дека наспроти сопругата која се одлучила на бојкот нејзиниот брачен другар излегол на гласање.

Групата “предавници” на Фејсбук се води како политичка организација.

SHARE

Comments are closed.