Во билтенот на МВР го нема инцидентот со познат новинар

Во билтенот на дневни настани што го објавува МВР го нема инцидентот што се случил во саботата во Охрид каде од познат новинар е одземено неоцаринето возило.

Настанот се случил на 27 мај а таков настан не е забележан наредниот ден кога се објавуваат сите карактеристични настани.

Предходно порталот плусинфо.мк објави дека возило БМВ му било одземено на С.И. (38) од Кратово во саботата во 20.40 часот во Охрид. Полициски службеници утврдиле дека возел без дозвола неоцаринето возило а не поседувал ниту возачка дозвола.

Плусинфо.мк објави дека неофицијално станува збор за уредник на портал кој се декларира како близок до СДСМ.

Минатата недела новинар со исти иницијали беше осуден од Советот за етика за грубо прекршување на новинарските стандарди а во јануари беше поканет на брифингот за уредници организиран од премиерот Заев.

Линк до информацијата на плусинфо.мк

SHARE

Comments are closed.