Полицијата распореди водени топови за време на митингот против контроверзниот пакт за миграција на ОН во Брисел потпишан неделава во градот Маракеш во Мароко.

Митингот наречен „Марш против Маракеш” беше организирана од десничарската партија Влаамс Беланга која долго време се противи на договорот.

На протестот организиран преку Фејсбук се очекуваже да присуствуваат над 10.000 луѓе но полицијата соопшти дека околу  5.000 се собрале во главниот град на Белгија.

Неколку часа на митингот, неколку демонстранти беа забележани со запалување на петарди додека маршираа низ улицата.

Полицијата мораше да употреби солзавец и водени топови кон демонстрантите кои беа насилни.

 

 

 

Пактот поддржан од ОН, промовира меѓународен пристап кон безбедна и уредна миграција, не беше потпишан од земји како Австрија, Унгарија, САД, Израел, Бугарија  и неколку други.