Во ЕУ има преамбули стари 200 години, ние добиваме тазе

Како изгледа прочистениот т.е. изменетиот текст на најновата Преамбулата на македонскиот устав.

„Граѓаните на Република Северна Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Северна Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на се’ што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Северна Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година и на Охридскиот рамковен договор, ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој

УСТАВ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

За потсетување за разлика од Македонија која за 27 години три пати ја менува својата, некои членки на ЕУ имаат преамбули стари по 200 години.

SHARE

1 Коментар

  1. Научната теорија за Тиранија и “Страхо-влада” се “збогатува” со една нова категорија односно ДЕЛИКТОТ НА МИСЛЕЊЕ со која до крај деспотски се ограничува човековата слобода!
    И натаму!, се воведува и ДЕЛИКТОТ ЗА ТОА КАКА СЕ ЧУВСТВУВАМЕ!! НЕ СМЕЕМЕ ДА СЕ ЧУВСТВУВАМЕ КАКО МАКЕДОНЦИ!!
    Дури и слободата на ЛИЧНО ЧУВСТВО (посебно национално чувство)се ОРГАНИЧУВА ДО КРАЈ!!!

Оставете Коментар