(ВИДЕО)Во грчкиот парламент порака до Северна Македонија на македонско – бугарски јазик

Пратеникот на СИРИЗА Јоргос Урсузидис денеска на говорницата на грчкиот парламент каде што се расправа за доверба на владата на Ципрас поради договорот со Скопје проговори на мешан Македонско – Бугарски јазик со цел да упати порака на пријателство кон Северна Македонија.

Урсузидис во грчкото собрание се обиде со обраќање до северниот сосед да упати порака на македонски јазик односно на јужнословенски јазик, како што според него е јасно наведено во договорот.

„Скупи соседи, и пријатели од Северна Македонија, както се разбрахме, време е да оставиме назад всички които не разделија и да видим напред това които е за разбирање и пријателството, аку сте за сотрудничество и љубовта“, изјави пратеникот на СИРИЗА од парламентарната говорница.

За тие што не го разбирааат словенскиот дијалект кој што се говори во Северна Грција еве го преводот на македонски јазик.

„Почитувани соседи и пријатели од Северна Македонија, како што се договоривме време е да ги оставиме зад нас тие кои што не разделија и да се движиме кон взаемно разбирање, соработка и љубов“.

На крајот на обраќањето на пратеникот само неколкумина негови колеги започнаа да ракоплескаат но веднаш престанаа.

Во видеото пораката на „јужнословенски јазик“

1 Коментар

Comments are closed.