Опозициските партии во Грција во парламентот бараат од владата на Ципрас да објасни како и зошто најголемата грчка корпорација за промет со електрична енергија PPC, под контрола на владата, ја презела македонската компанија за трговија со струја EDS, во сопственот на вице-премиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, непосредно пред потпишувањето на договорот од Преспа.
Барањето за објаснување беше предизвикано од откритието дека PPC, која има огромни долгови и речиси е пред банкрот, на Анѓушев за EDS веднаш му исплатила 4,8 милиони евра, и тоа во готово.
„Кој ја дал политичката наредба на ЕДС да и се исплатат речиси пет милиони евра непосредно пред потпишувањето на договорот за името?“, прашува функционерот на Нова демократија, Василис Кикилиас и повикува на парламентарна истрага.
Пратеникот,пак, на Движењето за промени, Јанис Маниатис, побара владата да достави документи кои би го објасниле нејзиниот потег.