Loading...

Не само имињата предложени од посредникот во разговорите, Метју Нимиц, туку на маса се и други „креативни решенија“ за идното име на Република Македонија со кое набргу би се решил „спорот“ рече во синоќешното гостување во емисијата „Само вистина“ пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

„Знаете дека веќе се разговара врз основа на предлозите на господинот Нимиц, освен ако се изнајде некое друго креативно решение кое би било прифатливо за двете страни, Да речеме како на пример Крушевска Република Македонија или Република Современа Македонија, или Република Европска Македонија или Република демократска Македонија…“ рече Груби. (на видеото по 13 минута)

На оваа изјава на Груби реагираа денесka и грчки медиуми кои пишуваат дека „Албанците зборуваат за 3 нови имиња“.

Во емисијата, тој меѓу другото, изјави дека граѓаните за ова прашање би се изјасниле на референдум кон крајот на септември или почетокот на октомври. Референдумот би имал задолжителен карактер и Груби верува дека тој би успеал доколку се постави прашање како:

„Дали би подржале зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО со решавање на спорот“.

 

3 Коментари

  1. Груби, оди си во Албанија и таму менувај идентитет. Овде во Македонија ќе го почитуваш наш Устав!

Comments are closed.