Loading...

Лабораториките испитувања покажаа дека двете лица (дете и жена) немаат вирус на западнонилска треска, соопшти д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Испитувањата во лабораторијата на Институтот беа направени поради сомневање за можна инфекција кај овие две лица.

Кузмановска , сепак, препорачува да не се излегува надвор во време кога комарците се најактивни, да се носи заштитна облека, да се користат средства за заштита од комарци, да се стават мрежи на прозорците и вратите за да се спречи влегување на комарците во домовите, во дворовите да не се држи застоена вода…

Бројот на заболени значително расте во последниот период во повеќе соседни или во земји блиски до Балканот.

Романското Министерство за здравство ја регистрираше првата жртва на на западнонилска треска – почина 79-годишен маж од Галац. Од 2 мај до 8 август во Романија се регистрирани вкупно 23 лица заразени со вирусот на западнонилскиот треска, од кои 11 само во овој месец, пренесе МИА..

Денеска и грчкото Министерство за здравство информираше дека од почетокот на летото во Грција регистрирани 55 случаи на заболени од западнонилскиот треска, од кои починаа двајца, на возраст над 80 години.

Пред два дена српскиот Институт за јавно здравје соопшти дека во Србија оваа година се регистрирани 102 случаи на луѓе кои страдаат од западнонилскиот треска, од кои 9 се починати.

Случаи на западнонилска треска се регистрирани и во Италија и во Унгарија.

Оставете Коментар