Ова ужасно предвидување може да стане реалност до 2050 година доколку и натаму продолжи сегашниот тренд на енормна продукција на пластични производи кои завршуваат во морињата.

Европската комисија е подготвена да ја спречи оваа опасност по секоја цена.

„Секоја секунда во океаните завршуваат околу 700 килограми пластичен отпад“, изјави заменик-претседателот на Комисијата, Франс Тимерманс.

Тој им дал задача на експерти да проучат кои се десетте пластични производи за еднократна употреба, кои завршуваат во морињата, како што се пластични чинии, вилушки и лажички и сламки за пиење.

Токму овие производи кои Комисијата сака да ги забрани доколку се најде начин да се најде алтернатива на сегашните пристапни цени.

ЕК, исто така, предлага формирање на организирано собирање на празни пластични шишиња. До 2025 година, до 90 проценти од нив ќе треба да се вратат за повторна обработка.

Земјите-членки на ЕУ, исто така, ќе мора да ја ограничат употребата на полиетиленски чаши и пластичните пакувања, а што точно ќе сторат – ќе треба сами поединечно да одлучуваат.

SHARE