Во „Музејот на ВМРО“ има 33 левичари и 9 десничари

Директорот на Музејот на македонската револуционерна борба кој треба да биде затворен односно да го загуби статусот на споменик на културата тврди дека нема никаква научна логика во заклучокот на Комисијата на министерстовот за култура кој најави поништување на музејот.

Бранислав Светозаревиќ, директор на Музејот на македонската борба во гостување на емисијата Алфаплус на ТВ Алфа тврди дека во поставката во музејот во која има над 2000 оригинални предмети им и девет десничари, 33 левичари, шест Албанци, како и завидна бројка на историски личности Турци и припадници на помалите етнички заедници.

Тој смета дека со три пати повеќе десничари од левичари историски фигури не може да се тврди дека музејот има партиски обележја на ВМРО – ДПМНЕ, како што тврдат експертите од комисијата меѓу кои има само еден историчар а никој друг нема музејско искуство.

Светозаревиќ вели дека досега музејот го посетиле 250 илјади луѓе и со исклучок на десетина коментари во книгата на гостите кои доаѓаат од Грција и Бугарија нема други забелешки за работата на музејот кој треба да биде затворен.

Тој вели дека идејата на музејот е да биде место за помирување, затоа што во него има секаков вид на профили на луѓе кои што учествувале во изградбата на македонската историја. За овој концепт во кој е најдено место и за позитивни и за крајно негативни личности музејот добил голем број награди на музејски фестивали.

Една од причините за понишутвањето на овој објект како музеј и споменик на културата е барањето на Грција и Бугарија од него да се отстранат сите предмети и наводи кои според Атина и Софија се дел од македонскиот иредентизам и територијални претензии на Македонија.

Светозаревиќ во музејот пречекал голем број странски гости а редовни гости се и дипломатите. На фотографијата тој е фотографиран при посета на музејот на францускиот амбасадор во Скопје , Тимоние.

SHARE