Во Њујорк нема голем исчекор, но Димитров не дава оставка

Денеска попладне во 15,30 часот по средноевропско време продолжуваат разговорите за името во Њујорк, во кои покрај медијаторот Метју Нимиц учествуваат и министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Грчките медиуми ги потврдуваат информациите на expres.mk дека по вчерашната средба во Њујорк предлогот „Илинденска Македонија“ е речиси „мртов“ и дека сега на маса подеднакво можни се „Горна“, „Нова“ и „Вардарска“.

Грчката телевизија Антена од Њујорк јавува дека „сè уште нема цврста основа за решение, но дека има мал прозорец на можности“.

Се потврдуваат и информациите дека Нимиц може да даде нов предлог по средбата, но само ако Атина и Скопје се согласат за 90 проценти од пакетот, меѓу нив и за најважните прашања за ерга омнес и за уставните измени.

Антена јавува дека и покрај најавите на министерот Димитров за оставка ако пропадне најновиот пакет, тој вчера не го сторил тоа, што значи дека процесот е жив и има шанси за исчекор до крајот на јуни.

 

2 Коментари

  1. Кога и каде министерот Димитров најавил оставка „ако пропадне најновиот пакет“?

  2. Грција НЕМА монопол врз историското наследство на Античка Македонија !
    Македонска Влада треба да преземе мерки да ја блокира Англиската – САД ENG Википедија, како што направи и Турција, поради ФАЛСИФИКУВАЊЕ Историја! Антички Македонци не биле Грци!

Comments are closed.