Во Пакистан во април измерени 50 Целзиусови степени

Највисоката температура измерена на планетата во април била регистрирана во градот Навабшах во Пакистан.

Според метеоролозите на 30 април биле измерени 50.2 степени, а информацијата била  потврдена и од Светската метеоролошка организација.

Втор месец по ред, овој град во Пакистан поставува рекорди на екстремно топло време по март, кога биле измерени 45,5 степени Целзиусови.

Околу 1,1 милион луѓе на Навабшах биле изложени на екстремни временски услови, а стотици се побарале лекарска помош.

Оставете Коментар