Во пензија една година подоцна!? (ВИДЕО)

Бизнис заедницата ќе преговара со синдикатите за минимално зголемување од 1 година на старосната граница за пензионирање.

Моментно старосната граница за пензионирање е 62 за жени и 64 години за мажи.

Ова не е трајно решение, но можело да придонесе за стабилизација на дупката во ПИОМ.

Анализите на ПИОМ покажаа дека дупката во Фондот ќе се продлабочува.

„Тотално сме сигурни дека Синдикатите нема да се сложат и дека ќе биде не многу прифатливо за нив.

Од друга страна, ние како работодавачи воопшто не размислуваме дека ќе биде позитивно и квалитетно да се зголеми процентот на социјалните придонеси“, вели претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков, пренесува Сител.

Новите проекции на ПИОМ покажуваат дека за три години бројот на корисници од досегашните 320 илјади ќе се зголеми на околу 335 илјади а буџетските расходи ќе надминат милијарда евра. Бошков е дециден дека државата мора да размислува на нови концепти на прибирање на приходи во фондот.

Подоцна во пензија за спас на ПИОМ?!

 

SHARE