Во Приштина слават 72 роденден на Клинтон – без него

Здружението „Пријатели на Америка“ во Приштина денеска организираше прослава на 72-от роденден на поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Покрај телеграмата со честитки, Здружението на Клинтон му испратило посебен подарок – албанска национална носија со „порака за која веруваат дека е многу важна”, јавуваат косовски медиуми.

Во Приштина, покрај булеварот посветен на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, кој инсистираше на независноста на Косово, има и булевар посветен на Бил Клинтон и негова биста во природна големина.

Споменикот беше откриен од Клинтон лично за време на посетата на Косово во 2009 година, една година по самопрогласената независност, пишува Б92.

Само неколку метри од споменикот има бутик за женска облека со име „Хилари“.

SHARE